(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Автомобил прегази мајка и бебе, детето прелета неколку метри. За чудо преживеале!

0
312

Мајка и двегодишно дете за влакно ја избегнале смртта откако во нив удрил автомобил и побегнале. Вознемирувачкото видео го објави New York Post и го прикажува застрашувачкиот момент.

Возачот на црниот теренец бил запрен на улица во Квинс. Еден полицаец разговарал со возачот и го повикал својот колега да излезе од автомобилот. На истото видео се гледа како мајка турка дете во количка преку патот. Возачот на теренецот го искористил невниманието на полицаецот кој го чекал колегата и згазнал на гас. Ги удрил мајката и детето, а потоа и 35-годишниот маж.

Од силниот удар мајката удрила во автомобилот паркиран зад неа, додека нејзиното дете излетало од количката и завршило на сред пат. Луѓето околу нив врескале во шок и брзо притрчале да им помогнат. Мајката веднаш станала и побрзала кон детето.

Иако глетката била ужасна, мајката, детето и мажот избегале без сериозни повреди. Мајката го повредила коленото, детето само зглобот, а мажот ја повредил ногата. Сите се префрлени во болница.

Како што информираа од полицијата, полицајците го запреле возачот на теренецот бидејќи не ја продолжил регистрацијата на возилото и побарале да излезе. Тие подоцна го пронашле автомобилот во Бруклин, но се уште го бараат возачот.

 

ВИДЕО