Неверојатна приказна за тоа како пилотот на „Бритиш ервејс“ излета од пилотската кабина среде лет, висеше на прозорецот и преживеа
За време на летот од Бирмингем до Малага, додека авионот патувал над Оксфордшир, два од шесте прозорци во пилотската кабина одеднаш се скршиле.
Капетанот Тим Ланкастер бил отстранет од седиштето и „вшмукнат“ од прозорецот додека авионот се наоѓал на надморска височина од околу 7.000 метри.
Силата, исто така, ја скршила вратата на пилотската кабина. Стјуардот Најџел Огден едвај стоел на нозе.
Огден, веднаш по несреќата, даде изјава за Sandej Morning: „Се свртев и видов низ отворот – каде што требаше да биде вратата од пилотската кабина – дека нема предно ветробранско стакло, а Тим, пилотот, излетал низ прозорецот – му беше искинат појасот и се‘ што можев да видам беа неговите нозе“.
Огден влетал во пилотската кабина и успеал да го фати пилотот за нозете додека тој полека се лизгал низ прозорецот.
Додека копилотот Алистер Аткинсон полека успеал да ја преземе контролата, друга стјуардеса по име Симон, исто така, стигнала во пилотската кабина, ставајќи синџир на Тим за да го држи поцврсто.
Огден за „Сандеј тајмс“ додаде: „Се сеќавам дека Алистер, копилотот, се бореше да го контролира авионот и викаше Мејдеј, мејдеј (Помош)!
„Го пуштив Џон и трчав назад да ги чувам патниците, кои го слушнаа ударот. Мојата колешка Су Принц сама се грижеше за се‘ во авионот”, рече стјуардесата Симон, која кога проценила дека стјуардите можат да го држат Тим, истрчала назад во кабината за да ги смири патниците.
„Притисокот врз Аластер мораше да беше огромен – животот на сите нас беше во негови раце. Но, тој совршено слета со тој авион”.
Авионот слетал на аеродромот во Саутемптон, каде биле пречекани од итните служби.
Апсолутно неверојатно, но за среќа, пилотот претрпел неколку скршеници и имал смрзнатини, но тој преживеал!
Според извештајот на Одделот за истрага на воздушни несреќи по инцидентот, мајсторот користел погрешни завртки за да го зацврсти ветробранското стакло.
Во извештајот се наведува дека процесот на инсталирање на шофершајбната, што се случил 27 часа пред полетувањето на авионот, во јуни 1990 година, „имал голем број лоши работни практики, лоши проценки и грешки во перцепцијата“.
По несреќата, г -дин Огден го напушти „Бритиш ервејс“ и отиде да работи за армијата.
Капетанот Тим Ланкастер повторно леташе!
Целиот инцидент беше пресоздаден за документарен филм наречен Air Crash Investigation – Blow Out, кој се емитуваше на National Geographic во 2005 година.
maskimagazin.faktor.mk