На BUZZFEED се појави текст за најголемите туристички разочарувања ширум светот. На списокот се најде и дестинација во Хрватска.
Тие ги собраа искуствата на туристите од Редит, вклучија и некои нивни и составија листа од 32 места кои најмногу ги разочараа патниците и туристите, а Дубровник се најде на 19-то место. Тие вклучија четиригодишна објава на Reddit во нивната нова статија.
„Од далеку изгледа исклучително убаво… но во реалноста е далеку од убаво. Стариот град е само преполна збрка од затрупани кафулиња, ресторани насочени кон туристите и туристичките агенции. Луѓето практично се редат и мора да се пробијат низ тесниот улици затоа што има толку многу бродови за крстарење во градот. Тешко беше да се видат глетките од толпата луѓе кои се мелеа наоколу со селфи стапчиња“, стои во објавата за Дубровник што ја вклучија во текстот.
„Градот кој му ја продаде душата на ѓаволот“, додаде уште поразочаран корисник на Редит.
Атракцијата на Дубровник е меѓу најпреценетите во светот
Освен Дубровник, на листата се и Венеција, њујоршкиот Тајмс Сквер, Париз, Римската Фонтана Треви, планината Рашмор, Дубаи…
Ова не е првпат странците да се жалат на гужви во Дубровник и на хрватското приморје. Летово на Редит беше отворена тема во која туристите ги советуваа другите „наместо во Хрватска да одат во Црна Гора“ и „наместо во Дубровник да одат во Истра“. Во април годинава, жичарницата во Дубровник се најде на листата на TripAdvisor за најпреценети туристички атракции во светот.
index.hr