Колумна на Ректор Проф. д-р Владо Ванковски.
Роден сум во Скопје и веќе шест децении се што сум направил и постигнал го имам направено во Скопје , градот кој неизмерно го сакам . Градот кој ме поврзува со многу емоции и настани , градот во кој се родени и моите родители .
Но морам да напоменам дека не помалку го сакам и Охрид . Во него поминувам најмалку еден месец од годината и тоа време ме исполнува и стимулира да останатиот поголем дел од годината го “изработам” во Скопје .
Но од година на година охридскиот стимул е послаб а причината уште не сум сигурен дали е во моите години или , или …Oхрид станува местото кое ја губи својата неизмерна убавина од година во година.
Последниве десет години Охрид за градоначалник има доктори , луѓе што ги избрале граѓаните на Охрид . Со оглед на тоа што е доктор,охриѓани десет години на власт носат човек со суета и безброј фрустрации. За докторите овие две работи се свијствени па се повеќе се сомневам дека суетните и фрустрирани луѓе во главно можат да бидат доктори , а кога доваѓаат на влас овие две карактеристики ги усовршуваат до бесвес.
Македонскиот туристички бисер е град кој повеќе од половина не е урбанизиран а исто толку од имотот на охриѓани нема имотен лист на сопственикот . Можете да замислите каков е процентот на наплата на данок на имот со кој се полни буџетот на општината .Длабоко сум убеден дека деталниот урбанистички план на градот се прави за три месеци но тоа не им одговара на гратската управа затоа што криволовот во матно е најсладок.
Сите досега градоначалници – доктори се пресреќни кога ке асфалтираат некоја улица и ке направат несоодветна канализација . Со градењето на згради и објекти секој инвеститор плаќа пари за комуналии па така асфалтирањето и канализацијата си ги плаќаат самите инвеститори . Мислам дека е страмота во третата декада на дваесет и првиот век да се радуваме на асфалтирани улици во Македонскиот туристички бисер.Од овие тројца првиот се онесфести кога ги направи трите или четири кружни текови на Туристичка , вториот да небиде покусо ја дотера Јане Сандански но ги урна сите плажи . Третиов се префрли на Македонски просфетители и вети дека ке ги врати плажите ?
КАТАСТРОФАЛНО ТРИО .
Секој градоначалник ја гради марината и градското шеталиште – кејот . Докторчињава ветуваат мислејќи дека лекуваат ангина или каријас .Од септемви до напролет на Медитеранот има безброј наутички сајмови .
На нив не се продаваат смо чамци и глисери туку има и проекти и договори за изградба на марини . Ниеден од последниве тројца не отишол да понуди јавно-приватно партнерство и да најде инвеститор за марината од која и градот би имал бенефит.
Во центарот на градот го има хотел Палас , синоним на некое време кој неработи дваесетина години . Каква преземале градоначалниците иницијатива тајкуните измислени од времето на транзицијата да го реновираат хотелот проектиран од врвен екс-Југословенски архитект ( Војвоѓанец ) .Газдите се караат кој ке го лапне медот , хотелот е ноќна мора во центарот на градот, додека пак во меѓувреме докторчињата путиле водовод во Вапила.
Пред хотелот група на “ фолклорни” типови кои за 50 денари маваат во козната топка и си ја мерат силата .
Подоле по кејот на “Македонскиот бисер” се продава варена пченка па туристите воглавно по четворица ( маж , жена и две дечиња ) тука си вечераат, кога ке ја изедат пченката пак овие се натпреваруваат кој ке го фрли кочанот најдалеку во езеро. За оние кои го почитуваат НАТО и ЕУ се нудат амерички крофнички “удавени” во зејтин.
Што се однесува на “трошаџиите и недомаќини”,поточно охридски туристички џетсетери кои дошле да потрошат пари во центарот на “Балканскиот Ерусалим” има две бутки за лесковачка плескавица … тука се редовите најдолги.
Гледајќи ја структурата на гостите се повеќе имам впечаток дека се наоѓам во некое синдикално одмаралиште од времето на комунизмот а не во туристичкиот бисер .Посетите на Охридско лето се послаби а рејтингот на уметниците се послаб и послаб .
Останаа културното лето да ни го ”чуваат” Саша Ковачевиќ , Аца Лукас и Крлеуша .
Барем овие докторчињава да организираа здравствен туризам , да ја продолжеа сезоната од 20 на 90 дена. Барем да соработуваат со хотелиерите да направат 2 до 3 месеци некакви збиднувања во градот .Па добро имаат ли малку идеа , доблес , сенс за градот , некаква парадигма ?
Ваквиот “ Македонски бисер “, Ваквиот” Балкански Eрусалим” кој стана попатна станица на туристите што ги носат страните туроператори на 2-3 часа и кои не трошат ни еден цент во Охрид ( ако не купат варена пченка ) ке стане обична селска коперација во која ке продолжат да се точкаат фрустрациите и суетите на охридската елита .
И на крај имали Охрид охриѓани , има ли луѓе што го сакаат градот. Има ли луѓе што уживаат во Канео , во Варош , во Лагадин и Лабиново. Кој може да е рамнодушен пред Св. Софија и Богородица Перилепта . Видикот од Велестово и убавината на св.Богородица во Скребатно . Убавините на св.Петка во Велгошти … па луѓе ова е богатство со векови стварано и чувано .
Охриѓани , градот заслужува сериозно раковотство , луѓе со идеи и визија , храбри луѓе , освестете се го губите градот !
Текстот е личен став на авторот .