Ѓоргиев: Цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, заедно ќе се чествува со Бугарија, ќе има измени и во учебниците и во Македонија и во Бугарија

0
240

Македонскиот тим во билатералната комисија за историски и образовни прашања со Бугарија одржа брифинг на кој беа презентирани усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања на одредени историски личности како и препораки за подобрување на учебниците по историја.

– Тоа се препораки кои се иоднесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите, рече Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата.

Владата може, но не е обврзана да ги прифати овие препораки од Мешовитата комисија.

Исто така, Комисијата одлучила дека цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, на одредени јубилеи и значајни датуми, ќе се чествуваат заедно со делегации од обете земји, додава Ѓоргиев.

извор: 24.мк