Иницирана постапка за дисциплинска одговорност на тројца јавни обвинители – меѓу нив и Вилма Русковска

0
252

Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител, велат од Јавното обвинителство.

Независен неофицијално објави дека станува збор за обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Практично Русковска е суспендирана од работа и таа во рок од осум дена од приемот на решението за дисциплинска повреда може да се жали до Советот на јавните обвинители. Доколку Советот не ѝ ја усвои жалбата, ќе биде разрешена од функцијата.

фото: Архива