Арафат Муареми се повлекува од позицијата в.д. директор на Управата за финансиска полиција

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми се повлече од функцијата.

Ова следува само неколку часа откако денеска беше суспендирана и обвинителката Вилма Русковска поради грешки при претресот во неговата канцеларија, по пријава за евентуален криминал.

„Ваквата одлука ја носам за во јавноста да нема ниту малку сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката којашто и понатаму останува да се води во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал“, напиша Муареми во соопштение за медиумите.

Според него, денешната одлука на Јовески дала јасна порака дека законите мора да ги почитуваат сите и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви.

фото: Архива