На популарната социјална мрежа „ТикТок“ осамна нов тренд кој е опасен по здравјето. Станува збор за лепење на устата во текот на ноќта за да се поттикне дишење преку нос во текот на спиењето. Под хаштагот #mouthtaping (лепење на устата) има 24 милиони прегледи на платформата и опфаќа серија видеа во кои корисниците на оваа социјална мрежа демонстрираат како ги лепат усните во обид да поттикнат дишење преку носот во текот на сонот.
На едно од бројните видео корисничка на оваа социјлана мрежа која го пробала овој тренд тврди дека т.н. трик за спиење ѝ помогнал подобро да спие и дека дишењето преку нос, за разлика од устата, може да спречи појава на лош здив и болести на непцата.Уште едно популарно видео кое минатата година го сподели здравствениот тренер Кори Родригез изнесува слични тврдења, а истото има повеќе од 5 милиони прегледи.
„Целта е да дишете преку нос додека спиете, а не преку уста“, објаснува тој на видеото. Родригез додал дека секоја вечер ја лепи устата со лента, тврдејќи дека тоа му овозможило подобра орална хигиена, а притоа се ослободил од непријатнотот рчењето и сувата уста.Експертите брзо ги отфрлиле ваквите тврдења изнесени на „ТикТок“. Британската фондација за спиење открила дека несаканите ефекти од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усните од лентата и нарушување на спиењето поради отежнатото дишење преку нос.Во меѓувреме, експертот за спиење Џејмс Вилсон рекол дека предностите на дишење преку нос не се вредни за ризикот од лепење на устата.
slobodenpecat.com