Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.
„Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме до компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“, објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм.
Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа.
„Едвај чекам да се вратам во Србија!“ – напиша претседателот, пренесува „Танјуг“.
Во Брисел немало напредок.
faktor.mk
Немаме договор, но тоа не е крајот на приказната, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти, во Брисел.