Бизарен и многу опасен предизвик се шири на Тик-Ток меѓу младите во Хрватска. Во ноќните часови младите седат на стол на сред улица и ја „предизвикуиваат“ среќата или несреќата некој да ги прегази.
Овој опасен предизвик излезе во јавноста откако Осиечанецот Бранимир Хакенберг Кутузовиќ објави снимка од необичното доживување што му се случило кога со своето возило за малку ќе удрел во момчето кое мирно седело на стол на сред улица држејќи мобилен во раката.
За среќа, улицата била добро осветлена, а возачот возел споро и навреме сопрел, па за малку бола избегната несреќа. Откако автомобилот сопрел, момчето станало, го зело столот и се оддалечил од улицата, а еден друг случаен минувач кога видел што се случилоп, викал по него.
Хакенберг Кутузовиќ подоцна јавно ја објавил видео снимката од овој необичен настан, снимена си камерата која ја имал инсталирано во својот автомобил.
„Се прашувам што би се случило ако за секунда погледнев некаде на страна или ако возев побрзо и ако го удрев со автомобилот. Јас би завршил во затвор, а тој би тврдел дека ја преминувал улицата!“ – посочува возачот.
24sata.hr