Тоа требаше да биде најсреќниот ден во нивниот живот. Убаво се средија, ги собраа семејствата и пријателите, бендот се среди, имаше и кетеринг… Ним им остана само да ја ’направат’ формалноста, да кажат ‘правам’ и да си ветат дека ќе се сакаат до крајот на животот.
Но, тогаш се појави уште една млада дама во венчаница…
Деновиве на социјалните мрежи повторно се шири видео снимка направена пред неколку години, наводно во Јужна Африка, на која наводниот љубовник на младоженецот ја прекинува свадбената церемонија. Облечена во венчаница и подготвена за брак.
Девојката луто влегла во собата, младоженецот се обидува да ја одвлече настрана, но прво не успеал.
Таа потоа и приоѓа на невестата и се обидува да и каже нешто, но на крајот успешно е „отстранета“ од свадбата. Цело време се слуша мрморењето на насобраните луѓе на кои никако не им било јасно што се случува таму.
Невестата, зачудувачки, цело време стои во место и не реагирала на ‘wannabe невеста’.
Девојката која се обиде да ја спречи венчавката, ако им се верува на коментарите под видеото, долги години беше во врска со младоженецот, но тој сепак реши да се ожени со девојката која ја запозна само неколку месеци пред венчавката. Тие не знаеја еден за друг.
-Се надевам дека невестата се омажила за него, но дека утре поради неверство му ги предала документите за развод и му зела половина од имотот – е коментарот кој собра најмногу ‘лајкови’ на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/1008020984216027137
24sata.hr