Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс” откажа повеќе од 10.000 летови од својот зимски распоред

0
229
London, England - March 2019: Boeing 777 long haul airliner operated by British Airways taxiing for take off past tail fins of the company's other aircraft.

Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс” откажа повеќе од 10.000 летови од својот зимски распоред, отстранувајќи од продажба речиси два милиони места.

Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата.

Авиокомпанијата, исто така, ги откажува летовите на долги релации до Кина и Бангкок, повикувајќи се на ограничувања за Ковид-19. Портпаролот на компанијата истакна дека продолжувањето на летовите за Хонг Конг ќе биде одложено до декември, кога ќе има еден лет дневно.

„Бритиш ервејс” од почетокот на летото откажал 38.000 летови. Откажаните зимски летови се еднакви на речиси една десетина од планираните летови. Одлуката е резултат на потресите во секторот на воздушниот транспорт, објави весникот „Тајмс”.

Европските авиокомпании трпат рекордни доцнења во европскиот воздушен простор поради недостиг на персонал, големи отсуства поради болести и метеж предизвикан од затворањето на воздушниот простор над Русија и Украина.

извор: „Тајмс”.

фото:iStock