Државјанка од србија паднала од балкон во Тетово – Во станот пронајден кокаин

Вчера околу 19 часот во полиција било пријавено дека државјанка на Србија паднала од балкон од стан на улицата „Јане Сандански“ во Тетово.

Србинката С.Ј. (29) во станот престојувала со О.О. (38), а паднала на покрив од угостителски објект, кој се наоѓал на приземје на зградата, по што била пренесена во болница.

Потоа бил извршен увид од СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени остатоци од кокаин, соопшти МВР.