Две тешки сообраќајни несреќи се случија денеска на автопатот меѓу Белград и Ниш, јавуваат српските медиуми.
Претпладнето, „Мерцедес“ со француски таблички удрил одзади во „Опел“ со холандски регистарски ознаки, кој од силината на ударот излетал од патот и се превртел на покривот. Во двата автомобила имало десетмина патници, а осуммина се повредени и згрижени во нишката болница.
Меѓу повредените се и две деца, а 17-годишна патничка има најтешки повреди на колкот и раката, информираат лекарите.
Втората несреќа се случила во правец кон Белград, кога возач изгубил контрола врз автомобил и удрил во банкината. Повредени се четворица, од кои двајца имаат потешки повреди.
View this post on Instagram
slobodenpecat.mk