Притвор за државјанин на Албанија поради нудење поткуп

На 26.08.2022 во 20.55 часот на Граничниот премин “Долно Блаце“ на влез во РС Македонија, приведен е О.Б.(43) од Албанија, поради нудење поткуп. О.Б., кој бил заменски возач на автобус со албански национални ознаки, влегол во службената просторија на раководителот на смена и понудил банкнота од 50 евра за наводно да се забрзала контролата на патните исправи на патниците.

Веднаш е лишен од слобода и за настанот бил известен Јавен обвинител кој наредил пријавениот да биде задржан и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.

извор: МВР