Историјата и градежништвото на древен Египет секогаш го фасцинираат човештвото, а такви се и гробниците во селото Бени Хасан во Минја, известува Агенција Анадолија (АА).
На ова место пред 4.000 години била погребувана провинциската елита од Старото Кралство, во големи и богато украсени гробници врежани во варовничките карпи.
Гробниците во Бени Хасан се исклучително важни, бидејќи нивните ѕидови откриваат повеќе информации за секојдневниот живот во Египет, отколку кој било друг споменик во таа земја.
извор: Агенција Анадолија (АА).