Уште три брода со жито испловија од Украина

Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека уште три брода натоварени со жито испловиле од Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството, се нагласува: „Испораката на жито продолжува според планираното. Денеска во утринските часови уште три брода натоварени со жито тргнаа од украинските пристаништа.“

Со посредство на Туркије, Обединетите нации (ОН) и Русија, на 22 јули во Истанбул е потпишан договор за обнова на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координативен центар за спроведување заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.

Центарот во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а се состои од претставници на три држави и ОН.

 

извор:Агенција Анадолија (АА)

фото: Агенција Анадолија (АА)