Затвореник неколкупати прободен со „остар предмет“ во затворот во Штип

Во затворот во Штип дошло до физичка пресметка на двајца затвореници, при што еден од нив бил сериозно прободен.

Околу 14:40 часот вчера во СВР Штип е пријавено дека во Казнено поправна установа „Затвор Штип“ по претходна расправија осуденикот Љ.Ѓ.(41) од Скопје со нож го нападнал осуденикот В.С.(48) од Струмица и му нанел убодни рани. В.С. е пренесен во Клиничка болница-Штип за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: МВР