Два автобуси во Меѓународен транспорт на патници без соодветна документација

0
310
Полициски службеници вчера на ГП Табановце при контрола на два автобуса утврдиле дека вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација.
– При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од Ц.П.(41) од с.Ложани, струшко и А.И.(33) од с.Франгово, струшко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, соопшти МВР.
МВР