АЛФА: Се отвора ли терен милионскиот бизнис со учебницте да и припадне на омилената компанија на ДУИ?

Кој ќе го добие милионскиот тендер за допрва печатење на учебниците, за кои власта уверуваше дека секој ученик ќе ги добие пред 1ви септември? Тендерот деновиве ќе бил објавен, а јавна тајна е информацијата дека меѓу фаворите е омилената фирма на ДУИ, „Арберија дизајн“ која зема стотина илјади евра за организација на рамковната журка, но и ги добивала минатите години тендерите за учебници. Опозициската ВМРО ДПМНЕ веќе неколку дена обвинува за ова, објави Алфа.

Весна Јаневска вели дека да сакаше власта да обезбеди учебници за учениците имаа доволно време тоа да го направат, бидејќи и така наречената нова концепција веќе не е нешто ново, туку дека таа е влезена во образовниот процес веќе две години, доволно време за да се подготват учебниците за второ и петто одделение.

Текстот во целост на:Алфа.

фото: Архива