Приведен крадец на територија на Бит Пазар, украденото вратено на сопственикот

0
238

Денеска (03.09.2022) на бул.Крсте Мисирков во Скопје полициски службеници од ПС Бит Пазар го лишиле од слобода И.Б. (55) од Скопје поради извршено кривично дело тешка кражба по чл.236 од КЗ на РСМ, сторено на 15.07.2022. Извршен е службен разговор и приведениот во целост го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. Одземеното е вратено на оштетениот, а против И.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

извор: МВР
фото: Архива