(ВИДЕО) Авион кружи над град во САД, пилотот се заканува дека ќе удри во супермаркет

Мал авион кружи над градот Тупело во американската сојузна држава Мисисипи, а пилотот се заканува дека намерно ќе удри во супермаркетот „Волмарт“.

Полицијата во Тупело, град во сојузната држава Мисисипи, соопшти дека пилотот, кој од утрово кружи над градот, се заканува дека ќе го урне авионот во супермаркетот „Волмарт“.

Велат дека најверојатно се работи за авион од типот „king air“.

„Полицијата веднаш го контактираше „Волмарт“ за да ги евакуира сите од продавницата и да ги премести луѓето што подалеку. Полицијата успеала и директно да разговара со пилотот“, се вели во соопштението.

Од граѓаните беше побарано да го напуштат просторот околу „Волмарт“ додека не се расчисти ситуацијата и полицијата соопшти дека опасноста е надмината.

„Имајќи ја предвид мобилноста на авионите од тој тип, опасната зона е далеку поголема од самиот град Тупело“, се вели во соопштението.

На социјалните мрежи може да се видат снимки од авионот кој кружи над градот.

 

видео: TWITTER