(ВИДЕО) Солун зафатен од силно невреме, голема поплава низ улиците

0
260

Силно невреме ја зафати северна Грција. Силниот дожд создаде сериозни проблеми во Солун каде што се поплавија улици, но и продавници. Со помош на бројот 112 за итни случаи е испратена порака за избегнување на непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи синоќа, до сите што се наоѓаат во Солун, Лариса, Халкидики и областите Пиерија, Иматиа и Магнисија е испратено предупредување за опасни временски појави во следните 24 часа.

Од противпожарната служба на Грција велат дека до рано утрово добиле 560 повици за помош, од кои 540 биле од Солун. Минатата недела невреме имаше во Грција и Бугарија.

 

 

МИА