251 санкционирани возачи во Скопје, 136 за брзо возење

0
199

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 136 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 38 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за возач почетник, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

извор: МВР