Првиот човек на Занаетчиската комора за VOA: Работниците заминуваат, ќе нема кој чешма да смени

0
307

Работната сила си заминува, економската криза удира врз малите дејности, нема логика занаетчиите да плаќаат индустриска струја, ако не се преземат мерки, може и педесет отсто од нив да ги затворат бизнисите.

Ова се дел од предупредувањата и апелите што ги упати претседателот на Занаетчиската комора на Северна Македонија, Агрон Фазлији во разговор за Гласот на Америка.

VOA: Како актуелната криза се одразува и ќе се одрази врз занаетчиите?

„Уште сега ние се соочуваме со затворање на овие бизниси и со тешка економска криза. Ако владата не презеде итни чекори за помош на овие дејности, мислам дека педесет отсто од нив ќе бидат затворени до Нова година“.

VOA: Цената на струјата оди нагоре. Ќе издржат ли занаетчиските дејности? Какво решение предлагате?

„Едно фризерско студио има фен. Не може еден фен да се смета за индустриска енергија. Затоа бараме од Владата овие дејности да не се категоризираат во индустриска електрична енергија. Но, да се категоризираат меѓу домаќинства и бизнисот. Моментално плаќаат под 90.000 денари за 30 метри квадрати од објект. Не можат да опстојат на пазарот со толку скапа електрична енергија“.

VOA: Квалификувани работници заминаа да работат во странство. Како тоа ќе се одрази врз домашното стопанство?

„Ние треба да се грижиме за рацете. Ако ни бегаат рацете во странство, ако замине тој кадар, ние ќе немаме со што да се храниме“.

„Дуалното образование моментално е видливо и произведува кадар што ќе ни биде потребен“.

„Ако ни се прелева кадар во Германија и во другите земји, мислам дека ќе немаме мајстор за чешма, за воља на вистината. И, ако го имаме, тогаш една замена на чешма би чинело сто евра“.

 

Интервјуто во целост може да го погледнете на: VOA