Туркије: Уште 9 бродови со жито испловија од Украина во рамките на Истанбулскиот договор

Уште девет брода со жито ги напуштија украинските пристаништа според договорот за извоз на жито од Украина потпишан во Истанбул, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството, во кое не се откриени појдовните точки на бродовите, ниту нивните дестинации, се наведува дека испораките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.

Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат од почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.

Од испловувањето на првиот брод во рамките на договорот на 1 август, досега низ коридорот за жито над 100 бродови имаат пренесено преку 2,5 милиони тони земјоделски производи.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).