Ковачки: СДС има 24 часа да се извинат, не сум осудуван, а дезертерот Ковачевски да си поднесе оставка зошто е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН

СДС лаже, во обид да го одбранат дезертерот Ковачевски манипулираат за наводно дело против мене.

Најодговорно тврдам под целосна кривична и правна одговорност  дека НЕ СУМ ОСУДЕН за Кривично дело фалсификување на исправа.

Барам од СДС во рок од 24 часа да се извинат за оваа лага, во спротивно ќе поднесам Кривична пријава против партијата.

Со лаги не можат да го демантираат документот дека нивниот претседател е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Дезертерот Ковачевски наместо да се служи со лаги, да почне да ги пакува куферите од Влада и да си даде оставка веднаш, бидејќи ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН човек не може и не смее да ја води државата.

извор: ФБ Драган Ковачки