Виси парното греење во Скопје. Иако, ЕСМ се согласи да ја преземе работата на БЕГ оваа грејна сезона и доби лиценци за дистрибуција и снабдување, се уште е неизвесно произвдоството на топлинска енергија. Нема договор за закуп со Адора која е сопственик на топланите Исток и Запад. Од ЕСМ за Телма велат дека очекуваат да се договорат до почетокот на окотмври. По што ќе се објави и нов оглас за производство на топлинска енергија. До денска беше и рокот до кој ЕСМ требаше да одговори на понудата на Макпетрол за количините на гас, токму за овие две топлани, објави Телма.
Грејната сезона почнува на 15 октомрви, а зависоно до температурите може да стартува и порано, но се уште е неизвесно кога и од каде ќе се обезбеди гасот.
Нема ниту конкретен одговор од властите дали Тето ќе се согласи да обезбеди 70 отсто од потребите на толинска енергија и дали ќе може 24 да работи и да генерира и струја.
Текстот во целост на: Телма.