ЕУ одобри заем од пет милијарди евра за Украина

Европската Унија (ЕУ) одобри заем од пет милијарди евра за Украина како втор дел од пакетот микрофинансиска помош од девет милијарди евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Денеска Советот (на Европската Унија) официјално усвои одлука за итно обезбедување дополнителна макрофинансиска помош за Украина од пет милијарди евра“, се вели во соопштението на институцијата на ЕУ.

Овој потег следуваше откако Европскиот парламент даде зелено светло за заемот минатата недела.

ЕУ веќе исплати 1 милијарда евра од својот пакет од 9 милијарди евра за да ѝ помогне на Украина да ги покрие финансиските потреби.

„Ние ги исполнуваме нашите ветувања и помагаме да се осигуриме дека украинската држава и нејзината клучна инфраструктура можат да продолжат да функционираат и покрај руската агресивна војна“, рече чешкиот министер за финансии, Збинек Станјура, поздравувајќи ја одлуката.

Тој вети дека на следниот состанок на министрите за финансии на ЕУ на 4 октомври „ќе се заложи за брз договор за обезбедување на преостанатите три милијарди евра, за што мора да се договорат и за поделба на сумата на заеми и грантови“.

По одобрението од земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, Европската комисија ќе се задолжи од финансиските пазари за да ја обезбеди сумата за Украина.

Украина може да го отплати долгорочниот заем под поволни услови, вклучувајќи ги каматните трошоци и административните такси покриени од ЕУ.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).