Иако поминаа речиси три дена од погребот на кралицата Елизабета Втора, впечатоците сè уште не се целосно смирени, а јавноста на социјалните мрежи и веб порталите зборува за многу детали кои го одбележаа овој историски, иако пред сè тажен настан.
Очигледно е дека смирување не се случило – Меган и Хари не присуствувале ниту на приемот на векот, а убавата Американка беше на видлива дистанца од сите на погребот.
Ниту британската јавност не ѝ е наклонета на Меган, а тоа е јавно видливо преку дискретни забелешки во официјалните медиуми, па дури и во телевизиските емисии, но и преку разни мемиња, фотографии и коментари на социјалните мрежи.
На пример – на самиот погреб камерите во неколку наврати успеале да ја уловат Меган со солзи во очите, а набрзо токму поради ова беше мета на жестоки критики. Малкумина веруваа дека тоа е вистинска болка и тага, обвинувајќи ја за лажни солзи и извонредна глума.
Од друга страна, исплива фотографија од Кејт Мидлтон од погребот на која таа се смее, додека разговара со еден свештеник. Но, јавноста тоа брзо ѝ го прости на новопечената принцеза од Велс и оваа ситуација не е многу споменувана.
Се разбира, Кејт веројатно сакала само да биде љубезна, но фановите на Меган Маркл набрзо се запрашале што би се случило ако ситуацијата беше обратна. Да беше Кејт таа која плаче, а Меган таа која се смее?
„Само замислете ги срамот и хаосот ако Меган Маркл се појавеше на погребот на кралицата и се осудеше да се насмее“, гласи реченицата која кружи на Инстаграм и Твитер.
И навистина – ако Меган се насмевнеше за време на погребот на кралицата, веројатно би била „распната“ во јавноста.
tocka.mk