Париз: На „Шанзелизе“, поради заштеда на енергија порано ќе се гасат божиќните и новогодишните декорации

0
224

За да се заштеди енергија, светлечките декорации на улицата „Шанзелизе“ во Париз, главниот град на Франција, ќе се исклучуваат порано за време на божиќните и новогодишните празници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Надлежните потсетуваат на чекорите што се преземаат за заштеда на енергија во земјата.

Наведено е дека божиќните украси годинава ќе светат шест недели, наместо седум како што беше претходно.

Светлата ќе се гасат секоја вечер, со исклучок на 24 и 31 декември, во 23 часот и 45 минути, два часа порано од вообичаеното.

Се наведува дека со овие чекори ќе се намали потрошувачката на енергија на светлечките декорации за 44 отсто.

Божиќните украси ќе се вклучат од 20 ноември годинава до 2 јануари 2023 година.

Донесена е и одлука од 22 часот до 7 часот изутрина да се гасат светлата на бутиците и излозите на „Шанзелизе“.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).