„Среќен брак Маринела и Благоj“, му честита министерот Николовски на колегата Бочварски

0
286

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски му го честита бракот на својот колега министерот Благој Бочварски.

Објавена е и фотографија на која се наоѓаат тој, неговата сопруга, заедно со министерот Бочварски и сопругата.

„Среќен брак Маринела и Благоj“, се вели во објавата на Николовски.

Во меѓувреме, осамна уште една фотографија од синоќа од хотелот Александар Палас, на која се сликани неколку дами, меѓу кои и вицепремиерката Славица Грковска, како и министерките Славјанка Петровска и Јована Тренчевска, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Не се знае за која веселба станува збор.

 

faktor.mk