Власта тврди дека ќе оди до крајот со својот мандат, но ние цениме дека е добро да има предвремени избори, исто како што цени огромно мнозинство од граѓаните во Македонија, од кои што ние го црпиме нашиот легитимитет. И ако гледаме како народна партија дека народот е против оваа влада, а сите перформанси велат дека владата е катастрофална, па дури и поддржувачите на СДСМ и ДУИ велат дека владата е катастрофална и дека треба да замине, тогаш логично е да сториме се што е во наша моќ, да ги искористиме сите демократски алатки кој што ги имаме на располагање, да дојдеме до предвремени парламентарни избори – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор Христијан Мицкоски во интервјуто за МРТ 2.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто се осврна на неколку актуелни политички прашања, поврзани со односите помеѓу политичките субјекти во Македонија, состојбите и политичките текови.
извор: ВМРО ДПМНЕ