Заеднички поморски вежби на САД и Јужна Кореја

0
179

САД се воен сојузник на Јужна Кореја, каде што се стационирани околу 28.500 американски војници за да ја заштитат земјата од северниот сосед вооружен со нуклеарно оружје.

Конзервативниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, кој дојде на власт во мај, се обидува да го зајакне тој воен сојуз по неуспешните напори на претходната јужнокорејска влада да постигне дипломатско зближување со Пјонгјанг, пренесува Бета.

– Вежбите се подготвени да ја покажат силната волја на јужнокорејско-американската алијанса да одговори на севернокорејските провокации, соопшти јужнокорејската морнарица.

За време на четиридневните вежби ќе бидат ангажирани повеќе од 20 бродови, меѓу кои и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Ју-Ес-Ес Роналд Реган, како и бројни борбени авиони и хеликоптери.

 

vesnik.com