Данела ги пополна испразнетите директорски места

Мноштво млади економисти, кадар на ГРОМ и кадар на ДУИ од крилото кое бара промени во партијата на Али Ахмети. Само една жена, борец заштита на животните. Радмила Пешева активистка на „Анима Мунди“ ќе го предводи јавното претпријатие Ј.П. „Лајка“.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска одбра 5 нови директори откако кадрите на ВМРО-ПМНЕ си дадоа оставка или ги разреши, а потоа ја раскина и политичката врска со опозициската партија.

Во фотељата на градски паркинзи – Скопје , отстапи Бојан Христовски, а седнува Крсте Петревски. Дипломиран економист од приватниот сектор. Доаѓа од редовите на партијата на Стевчо Јакимовски, а во ГРОМ ја извршува функцијата генерален секретар. Доаѓа од приватниот сектор. Поранешен косопственик на трговска компанија и директор, а сега дава совети за мали бизниси на европската банка за обнова и развој.

Јане Мицевски од кај Арсовска се врати во ВМРО –ДПМНЕ, а ЈП „Дрисла“ќе ја води Александар Кузинаков. Дипломиран економист и досегашен извршен директор на Скопско финансиско друштво.

„Огненета група“ на ДУИ која побара промени во партијата на Али Ахмети добива двајца директори. Ј.П. „Улици и патишта“ ќе го предводи Саид Саид претходно вработен во Паркови и зеленило. За зеленилото и одржувањето на парковите, пак, Арсовска го одбра Реџепи Зухејр. Саид е непознат за јавноста, но затоа Реџепи Зухејр е син на поранешниот поглавар на исламската верска заедница Сулејман Реџепи, но неговото име се поврзуваше со видеото во кое се гледа како пука со огнено оружје. Оваа гарнитура директори добива рок од 6 месеци да испорача резултати, порачуваат од Град Скопје.

 

telma.mk