Авион Су-25 на бугарското воено воздухопловство се урна во близина на воздухопловната база Безмер во источниот дел на земјата, јави Бугарската национална телевизија (БНТ).
Министерот за одбрана Димитар Стојанов и началникот на Генералштабот адмирал Емил Ефтимов се на пат кон воздухопловната база „Безмер“.
Во воздухопловната база „Безмер“ се наоѓаат ловците Су-25, кои беа модернизирани во Белорусија за нешто повеќе од 80 милиони евра, наведува БНТ.
Бугарија во моментов има осум активни авиони Су-25.
rts.rs