На ден 19 и 20 .09.2022 година, во период од 21:00 до 04:00 часот, шумочуварската служба од подружницата Осогово од Кочани имаше заедничка акција со Министерство за внатрешни работи и Шумската полиција во Шумско стопанската единица Мородвишка шума, м.в. Рампа, при што беше одземено едно возило натоварено со бесправно посечено буково огревно дрво.
Една недела подоцна, шумочуварската служба од подружницата Осогово од Кочани, во соработка со Шумска полиција, поточно на ден 27.09.2022 година, во периодот од 08:30 – 12:30 часот, во Шумско стопанската единица Осогово 2 – одел 113а , во м.в. Брана Речани, по извршена контрола констатирано е бесправно сечење и складирање на дабово огревно дрво. Огревното дрво е одземено и однесено во складот на Подружницата Осогово – Кочани .
Од страна на надлежните органи поднесено е барање до Основен суд – Кочани за поведување на прекршочна постапка против сторителите.
ЈП Национални шуми