Полицијата во Раковица на Дамјан Хаџиќ (23) му изрече итна забрана за приоѓање поради сомнение дека синоќа околу 21 часот ја претепал сопругата Сара (19) и нивното двомесечно бебе, дознава „Телеграф.рс
Тиктокерката Уна Каблар на Инстаграм објави дека нејзината сестра и нејзиното двомесечно бебе доживеале физичко насилство од сопругот на нејзината сестра Дамјан Хаџиќ, кој исто така наводно и се заканувал дека ќе го земе старателството над детето ако се разведе од него.
– Лекарите од ВМА синоќа повикале полиција во Раковица. Рекоа дека Дамјан Хаџиќ ја донел сопругата Сара Хаџиќ поради повреди на телото и главата. Сара дала изјава во полиција – вели изворот.
На Д.Х. утрово му е изречена итна мерка за забрана за доближување.
– Ја чекаме одлуката на обвинителството и степенот на повредите. Дамјан веќе и е познат на полицијата. Од ова семејство претходно немало пријави за насилство – додава изворот.
За целиот случај бил известен Центарот за социјална работа.
За потсетување, тиктокерката Уна Каблар на својот Инстаграм профил објави дека нејзината сестра, како и нејзиното двомесечно дете, синоќа доживеале страшно физичко насилство. Таа вели дека нејзината сестра била тепана од нејзиниот сопруг. Тпк ѝ се заканувал дека ќе го земе старателството над детето доколку се разведе од него.
– Сопругот на сестра ми речиси до смрт ја претепа мојата Сара. Ѝ ја удирал главата од плочките, ѝ го стегнал вратот во обид да ја задуши, а потоа со сета сила ја удрил со тупаници. Го притиснал 2-месечното бебе и му направил модринки, притоа ѝ се заканувал дека ќе го земе старателството ако се разведе од него – напишала Уна.
Додала дека после се ја однел до ВМА, а потоа избегал.
Telegaraf.rs