Со покачувањето на цените на енергијата во Германија многу луѓе се принудени да го преиспитаат својот животен стил, јавува Агенција Анадолија (АА).
Годинава се појави нов тренд – за да се избегнат високите трошоци за енергија за готвење и греење, многумина се одлучуваат за финансиски поразумна опција – да заминат на долг зимски одмор.
Германските туристички компании му излегоа во пресрет на јавното расположение и почнаа да нудат подолги престои во јужноевропските и во земјите од северна Африка по пристапни цени.
Аге Данхаупт, директорот за комуникации во ТУИ (TUI), една од водечките туристички компании во светот, за Агенцијата Анадолија изјави дека ваквите долги одмори станаа нов тренд.
„Ние навистина видовме тренд, луѓето сакаат да одат на долги одмори, на долг одмор во зимската сезона, тоа е актуелниот тренд”, рече тој. „Дебатата во Германија е многу силна. Можната причина за тоа е цената на гасот и цената на електричната енергија. Кога сте на сонце, секако, не ви треба енергија во толкави големи количини, и во Германија, дома, цените нема да влијаат на вас.“
Текстот во целост на:Агенција Анадолија (АА).