Тепачка пред приватна болница во Скопје поради ред за влегување

Вчера во СВР Скопје, Д. Ј. (22) од Скопје, пријавил дека околу 17:45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување, бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет.

Неколку часа подоцна, пак, во Полициска станица Бит Пазар Љ.Ч.(26) од Скопје пријавил дека на 30.09.2022 околу 18.00 часот во здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: МВР