Во земјава има семејства кои во зима се греат на пауловнија и велат дека се задоволни.
Тие планираат да засадат повеќе садници затоа што енергетската криза ни покажа дека треба да размислуваме за она што е поисплатливо. Оние кои веќе користат пауловнија за огрев, велат дека и нивни роднини, соседи се заинтересирале да засадат oд овој вид дрво за истата цела, објави faktor.mk.
„Јас трета година се греам на пауловнија и сум задоволен. Пауловнијата загрева добро, и согорува побрзо од дабот. Една садница чини 150 денари, а после 3 години луѓето можат да ја сечат и користат за огрев. Дваесет дрва се доволни за да може едно семејство со четири члена да ја помине зимата. Во мојата околина има површини кои се засадени со пауловнија. Колку брзо ќе напредува дрвото зависи и од видот на почвата“, вели Радислав Коцев, кој продава садници.
Ова дрво расте брзо, се користи во индустријата, но станува популарно и за огрев.
Текстот во целост на: faktor.mk.
фото:gradina.mk – Gradina