Три лица загинаа како последица на експлозијата во фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлук, јавија денеска бугарските медиуми.
Експлозијата се случила нешто по 11 часот по локално време, а повредена е и една жена, јави Бугарското национално радио.
На местото на експлозијата веднаш се испратени спасувачки екипи и брза помош. Очевидци известиле дека експлозијата била исклучително силна, а во областа подолго време имало темен облак од чад. Причината за несреќата се уште не е соопштена.
видео: ФБ Ремонтни Дейности