Ибрахимовиќ за својот 41 роденден се почасти со ново Ферари

0
281

Вчера асот на Милан го прослави својот 41 роденден.

Популарниот Ибра има навика да се однесува раскошно за својот роденден, па оваа година се почести со нов скап автомобил.

Богатиот фудбалер за роденденот одлучил да си купи уникатен модел на Ferrari – Daytona SP3.

Популарниот Ибракадабра на социјалните мрежи објави фотографија од оваа пеколна машина со порака „Среќен роденден Златан“.

Медиумите пренесуваат дека вредноста на овој неверојатен автомобил е околу 2,25 милиони долари. Изработени се само 599 примероци и ќе биде пуштен во продажба дури на крајот на декември.

Моделот има 840 коњски сили и е најмоќниот мотор што Ферари некогаш го направил. До 100 km/h достигнува за 2,85 секунди, а до 200 km/h за само 7,4 секунди. Неговата максимална брзина е 340 километри на час и е прогласен за најубав суперавтомобил на годината.

 

 

kanal5.mk