„Македонија ми е среќен знак“, Карлеуша ја најави својата турнеја од Скопје

0
39

Јелена Карлеуша е во посета на Скопје по повод концертот кој ќе се одржи на 19.10 во Арена „Јане Сандански“, а таа најави дека токму тука почнува нејзината голема турнеја.

На прес-конференцијата која се одржа денес, таа модно издоминира во целосно црно издание, со сако со длабоко деколте, а стајлингот го надополни со црни очила за сонце, златен часовник и бразлетна од познатиот бренд Alhambra.

Ви благодарам за прекрасната најава и на сите што дојдовте. Можам да кажам дека сум многу возбудена, затоа што мојата голема турнеја, наречена „Алфа и Омега“ почнува токму во Скопје.

Зошто баш Скопје? Затоа што сметам дека Македонија секогаш била мој среќен знак и многу ја сакам, а тоа со години наназад го покажував.

Ова е народ кој сметам дека ме сака, ја сака музиката и знае да цени. Многу сум возбудена затоа што ова нема да биде обичен концерт, од овој концерт зависи цела турнеја.

Мислам дека Балканот уште не видел ваква продукција и ваков тип на концерт. Јас не дојдов во Скопје да заработам, ниту да се обогатам, јас сум богата жена, а во Македонија, ниту кај нас не може никој да се обогати, туку само да се покаже.

Па така, доаѓам и јас на терен каде се цени музиката да покажам после 30 години кариера што знам“.

 

 

crnobelo.mk