Светска банка: Економијата на Украина во 2022 година ќе падне за 35 отсто

Светска банка (СБ) предвиде дека украинската економија ќе падне за 35 отсто во 2022 година поради уништувањето на производствениот капацитет, оштетувањето на земјоделското земјиште и намалената понуда на работна сила, јавува Агенција Анадолија (АА).

Банката соопшти дека се проценува дека повеќе од 14 милиони луѓе се раселени низ земјата поради војната.

„На земјата ѝ се потребни најмалку 349 милијарди долари за обновување и реконструкција во социјалните, производствените и инфраструктурните сектори“, се вели во соопштението на банката.

Ана Бјерде, заменик-претседателка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија, рече: „Руската инвазија на Украина ја предизвика една од најголемите кризи за раселување на луѓето и нанесе голема штета на човечкиот и економскиот живот.“

„На Украина и понатаму ѝ е потребна огромна финансиска поддршка за проекти за обновување и реконструкција кои би можеле брзо да се започнат, додека непотребно беснее војната“, додаде.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).