Илиеска: Ниту е нова даночната политика, ниту сега во криза е вистинското време за спроведување на таа политика

-Не станува збор за нова даночна политика, од самото доаѓање на СДСМ на власт тие зборуваат за прогресивно оданочување на физичките лица. Во 2018, во октомври месец кога сите големи компании плановите за следната година веќе им се изготвени во септември месец и во тој момент зборувавме со америчка стопанска комора, германска стопанска комора, турската стопанска комора, сите тие зборуваат со соодветните стопански комори, со власта и разговараа дали планирате за следниот период измена во даночната политика или во некоја друга политика се со цел да си ги изготват плановите за следна година, изјави Анастасија Илиеска во емисијата Еспресо со Златев и Боцевски на радио Лидер.
Таа дополнително посочи дека предвидливоста е круцијална за компаниите во процесот на планирање, но иако за време на разговорите во септември немало најава за промена, во октомври истата година Тевдовски најави прогресивно оданочување.
Според неа помалата стапка на даноци физичките лица и компаниите со задоволство ја плаќаат односно води кон даночна дисциплина.
-Секој ќе каже океј, супер данокот не ме оптоварува, одам го плаќам и на тој начин државата приходите ги полни многу повеќе, отколку да имаме повисоки даноци, а секој да сака да ги избегне на некаков начин. Таа даночна реформа траеше некаде 6 до 9 месеци и се стави во мирување со една одлука во Собрание дека се одложува примената на Законот за личен доход до 01.01.2023 и сега летово, изминативе месеци 01.01.2023 наближува за 6 месеци, ние викаме да, имаме сега даночна реформа која што е влезена во стратегијата и ќе ги контактираме сите релевантни фактори и се е тоа во ред. Стопанските комори, МАНУ, професори, опозициски партии и пратениците, за во еден момент да спласне цела таа тензија затоа што во кризна состојба буквално никој не ви дава зелено светло дека сега е правилен момент да се спроведе таа политика, истакна Илиеска.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ