(ВИДЕО) Шест месеци разделени со својот миленик, реакција на кучето кога ја гледа сопственичката

0
357

Тој се вселил во нејзиниот дом, но и во нејзиното срце, пред шест години кога уште како кученце бил исфрлен на улица. Љубовта била обострана и силна, и тие биле неразделни од првиот ден.

Меѓутоа, понекогаш животните околности нè принудуваат подолго време да бидеме далеку од сопствениот дом, па така и Валерија обидувајќи се да најде работа и соодветен дом за неа и Харли, морала шест месеци да живее во странство. За тоа време, за нејзиниот миленик се грижеле нејзините пријатели.

Еден ден, таа решила да го изненади својот сакан миленик, но се чини дека сценариото што го смислила повеќе ја изненадило неа отколку него.

Имено, по враќањето од странство, Валерија решила да ја тестира љубовта на својот миленик и да провери дали можеби ја заборавил. Таа се преправила во странец и со качулка на главата седнала на една клупа во локалниот парк, со грбот свртена кон правецот од кој доаѓа кучето.

Таа ги замолила своите пријатели да го прошетаат Харли таму за да види дали ќе ја препознае по мирисот.

Целата случка ја снимила со телефон, а истото го направиле и нејзините пријатели.

На видеото, кучето прво гледа напред и душка како секое домашно милениче, а потоа одеднаш погледнува во правецот каде што седи Валерија. Реагира моментално како да гледа некој познат. Најверојатно со своето истенчено сетило за мирис, карактеристично за кучињата, ја надушкал својата сопственичка. Ѝ приоѓа и возбудено почнува да ја душка, потоа се качува на клупата и се прилепува до неа, почнува да ја лиже сè додека таа не изреагира, потоа следува прегратка.

Ова емотивно видео има повеќе од 2 милиони прегледи и 400.000 „допаѓања“. Видеото стана вирално, а воодушевените корисници не престануваат да коментираат.

@liostewartsara En Instagram está la segunda parte! Ig valerianavarro #perrito ##reencuentro #animal #melancolia #amor #luz #humanos #viral #fyp #amorincondicional ♬ Yellow – Coldplay