Пак го промашија знамето – Османи ја пречека Фајон со знаме од Словачка!

0
383

Кога нешто ќе се случи еднаш може да е случајност. Но, кога ќе се повтори неколкупати или станува збор за намера или за незнаење, објави Република.мк.

Таков е примерот со Владата и знамињата кога доаѓаат странски гости. Веќе стана праска да се грешат а тоа се случи и вчера за време на посеста на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

На масата каде што седеа со нејзиниот домаќин Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка.

Знамињата на Словачка и Словенија навистина се слични, но како е можно протоколот на МНР да направи таква грешка?