Настани на денешен ден, 21 октомври

0
290

1805 Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години.
1824 Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент.
1941 Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија – од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1967 Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата.
1995 По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997 Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
2010 Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма).

 

Од Википедија — слободната енциклопедија