Поточарка – намирница бр.1 за прочистување на крвта

0
221

Поточарката, една од најмалку познатите зачини, кога станува збор за придобивките за здравјето. Новите истражувања покажуваат дека поточарката е богата со антиоксиданти, минерали и витамини, и може да има позитивен ефект врз здравјето на човекот.

Позната е како една од најстарите билки чија употреба датира уште во далечната историја. Многу стари народи ја користеле во исхраната и во лекувањето на здравствени тегоби. Античкиот грчки лекар и татко на медицината Хипократ, многу ја ценел оваа билка и ја препорачувал за лекување на воспалени бели дробови, за забоболка, болести на грлото, гушавост и зарипнатост. Кај старите Грци, Египќани и Римјани била позната како силно средство за враќање на енергијата.

Египетските фараони им наредувале на своите робови секојдневно да пијат сок од поточарка за да ја одржат својата сила, а со тоа и продуктивноста. Сега официјалното меѓународно истражување ја прогласи оваа лисната зелена билка за моментно најздравиот зеленчук на планетата, односно за намирница број 1.

Поточарката содржи високи нивоа на калциум, магнезиум и железо, што ја прави одлична храна за јакнеење на коските. Овој зачин е и богат извор на витамин К, кој е неопходен за здравите коски и вени, како и за правилното коагулирање на крвта.

Истражувањата покажуваат дека поточарката има антиоксидантски својства, што помага во борбата против слободните радикали и има позитивен ефект врз здравјето на кожата и косата. Овој зачин е и богат извор на витамини Б, кои имаат улога во здравиот метаболизам и правилното функционирање на нервниот систем.
При автоинтоксикација-токсемија, се препорачува консумирање на поточарка после долгиот зимски период. Во народната медицина има голема примена во лекувањето и тоа во свеж облик и во облик на свеж сок.

Се препорачува консумирање на свеж сок во однос 1:5, еден дел сок и пет делови вода, бидејќи чистиот сок може да предизвика воспаление на желудникот и ждрелото.

Свежиот сок од поточарка мора да се користи според пропишаното правило, бидејќи не е препорачливо секодневна консумација, туку со паузи.

Поточарката е лесно достапна и може да се додаде во многу јела, од супи и чорби до салати и печени зеленчукови. Затоа, доколку сакате да го подобрите своето здравје, не пропуштајте го овој скриен драгоцен зачин во вашата исхрана.

Извор: NEWS1.MK